Loading...

За водичот



За водичот за декарбонизација

Подготвен од Стопанската комора на Северна Македонија со поддршка од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската унија (ЕУ), овој водич е дел од иницијативата финансирана преку грант од ЕИБ чија цел е поддршка на Фондот на Иницијативата за економска отпорност (ЕРИ). Главната цел на иницијатавата  е да се промовира одржлив економски раст, да се зајакне социјалната вклученост и да се зајакне економската отпорност на Северна Македонија.

Овој водич е првенствено дизајниран за мали и средни претпријатија (МСП) и се фокусира на подобрување на нивното знаење за потребниот капитал за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Со обезбедување на практични совети и ресурси прилагодени на потребите на малите и средни претпријатија (МСП), целиме да им помогнеме значително да го намалат јаглероднит отпечаток и да направат чекор поблиску до постигнување на јаглеродна неутралност.

Водичот за декарбонизација е сеопфатен дигитален ресурс кој нуди јасни чекори и конкретни решенија за компаниите од сите големини во различни сектори за намалување на емисиите на стакленички гасови (GHG).  Водичот ги истакнува најдобрите практики, нуди детални информации за достапни субвенции и можности за финансирање и обезбедува значајни нaсоки и техничка подршка за прецизно следење, мерење и управување со јаглеродните емисии, како и за други иницијативи за одржлив развој.

Менијата им овозможуваат на корисниците да навигираат помеѓу различни страници. Дополнително, повиците за акција на дното од страниците обезбедуваат дополнителна насока. Водичот за декарбонизација исто така вклучува глосар и секција со ЧПП, кои се достапни на дното од страниците.

ЕИБ Глобално

Како огранок на ЕИБ кој работи надвор од ЕУ, ЕИБ Глобално ги поддржува климатските активности, економскиот раст и развојот. Во согласност со политичките амбиции на Европскиот зелен договор, ЕИБ одлучи да го подигне нивото на климатска и еколошка посветеност  во рамките на целата ЕИБ Групацијата , поставувајќи  се како „Европска климатска банка“. Оваа заложба се заснова на четири главни столбови:

  • Забрзување на зелената транзиција преку зголемување на зеленото финансирање и поддршка на иновациите и појавата на нови економски модели
  • Обезбедување правична транзиција за сите
  • Поддршка на операции во согласност со Парискиот договор
  • Зајакнување на стратешката усогласеност и одговорност

 

Северна Македонија и ЕИБ

Од своето основање во 1991 година, ЕИБ има значајна улога во Северна Македонија, обезбедувајќи финансирање за клучни инфраструктурни проекти и поддршка за локалните власти и малите бизниси. Банката има исплатено 1,6 милијарди евра средства за транспорт, енергија, проекти за комунална инфраструктура и мали бизниси. Понатаму, ЕИБ го користи своето техничко и финансиско знаење за да им помага на локалните партнери, обезбедувајќи приспособени совети и техничка помош.

Преку рамковни заеми и техничка помош, ЕИБ особено се фокусираше на поддршка за изградбата и реновирањето на инфраструктурата за водоснабдување, отпадни води и заштита од поплави низ цела територија на Северна Македонија. Овие инвестиции се клучни во борбата против климатските промени и имаат значително позитивно влијание врз локалното население преку подобрување на пристапот до технички исправна вода за пиење и санитарни услови во целата земја, унапредување во прилагодувањето кон климатските промени преку намалување на користењето на природни ресурси и енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови преку подобрено третирање на отпадни води и канализациски/колекторски системи, зачувување на јавното здравје преку спречување на дијареални заболувања и справување со загадувањето преку прекин на испуштањето на непрочистени отпадни води во водните екосистеми.