Влијанија на емисиите на стакленичките гасови
Северна Македонија е сериозно погодена од климатските промени
Државата сериозно се соочува со значајни предизвици од климатските промени, со забележителни влијанија, вклучувајќи излевања на реки, поплави во населени места, свлечишта и шумски пожари. Најпогодените сектори - земјоделството, водните ресурси, енергетика, екосистемите и образованието - трпат значителни негативни ефекти, што пак сериозно влијае на економската активност. Ова е особено важи за руралното сиромашно население, доплнително влошувајќи ја економската нееднаквост низ земјата.

Во следната деценија, постои убедливо очекување за потенцијално деструктивни и опасни по живот поплави и во речните и во урбаните подрачја. Моделите на врнежи во регионот, наклонот на теренот, геолошките карактеристики, составот на почвата, покривката на земјиштето и сеизмичката активност во регионот значително го зголемуваат ризикот од локализирани свлечишта на земјиштето. Годишно, постои повеќе од 50% шанса за временски услови кои би можеле да резултираат со значителен шумски пожар, ризикувајќи ги и имотите и животите. Додека екстремната топлина досега се сметаше за умерен ризик, веројатноста да се доживее барем еден продолжен екстремен топлотен бран надминува 25% во следните пет години. Очекуваното зголемување на температурите и промените во шемите на врнежи поради климатските промени се очекува дополнително да го зголемат ризикот од овие природни опасности.