Loading...

Директива за корпоративно одржливо известување на ЕУ (CSRD)



Усогласување со Директивата за известување на корпоративна одржливост на ЕУ (CSRD)

Што е CSRD?

Директивата за известување на корпоративна одржливост (CSRD), која влегува во сила на 5 јануари 2023 година, ги модернизира и зајакнува правилата во однос на социјалните и еколошките информации што компаниите треба да ги пријават. Оваа директива значително го проширува обемот на компаниите што ќе мора да известуваат, вклучувајќи широк спектар на големи компании и листирани мали и средни претпријатија (МСП). Како и EU Taxonomy, CSRD е дел од EU Sustainable Finance Framework. Дополнително, некои компании кои не се од ЕУ ќе мора да се усогласат со директивата ако генерираат над 150 милиони евра приходи на пазарот на ЕУ.

Компаниите кои подлежат на CSRD ќе ги користат - European Sustainability Reporting Standards (ESRS)-Европските стандарди за известување на одржливост (ESRS) за да ги исполнат барањата на директивата. Додека CSRD ги поставува општите барања за известување, ESRS ги специфицира и објаснува конкретните информации што компаниите треба да ги пријават во согласност со CSRD.

Целта на новите правила е да обезбедат дека инвеститорите и другите заинтересирани страни ќе имаат пристап до информации што се потребни за проценка на влијанието на компаниите врз луѓето и животната средина. Оваа транспарентност е клучна за проценката на финансиските ризици и можности кои произлегуваат од климатските промени и другите области на одржливост. Со усогласување на информациите што ќе се пријавуваат, CSRD се очекува да ги намали трошоците за известување за компаниите на среден и долг рок.

Компаниите од различни големини ќе бидат вклучени во CSRD во различни години. Големите компании со повеќе од 500 вработени ќе започнат да известуваат во рамките на CSRD во фискалната година 2024, додека средните компании (над 250 вработени) и големите компании кои досега не биле обврзани со NFRD ќе започнат во 2025 година. Листираните МСП ќе бидат вклучени во CSRD во 2026 година.

Пристап на двојна материјалност (Double Materiality):

Компаниите што се обврзани да известуваат според CSRD мора да спроведат проценка на „двојна материјалност“ за да ги идентификуваат прашањата за одржливост кои се најзначајни и за организацијата и за нејзините засегнати страни. Оваа проценка не само што го дефинира обемот на извештаите за одржливост на организацијата, туку овозможува и ефикасно распределување на ресурсите потребни за усогласување со CSRD. Дополнително, обезбедува клучни сознанија за обликување на стратегијата на компанијата.

1. Финансиска материјалност

Овој пристап „од надвор кон внатре“ разгледува како прашањата за одржливост претставуваат ризици или можности што можат да влијаат на финансиските резултати и позицијата на компанијата во краток, среден и долг рок. Прашањата за одржливост се сметаат за финансиски материјални доколку нивното изоставување или погрешно прикажување може да влијае на одлуките на корисниците на финансиските извештаи на компанијата.

2. Материјалност на влијанието

Овој пристап „од внатре кон надвор“ го оценува реалното или потенцијалното влијание што операциите на компанијата и нејзиниот синџир на вредности го имаат врз луѓето или животната средина. Овие влијанија може да бидат и позитивни и негативни и се оценуваат во краток, среден и долг рок.

Зошто е важна двојната материјалност?

Со примена на оваа двојна перспектива, компаниите можат да обезбедат сеопфатен приказ на нивната одржливост. Прашањата за одржливост треба да бидат објавени доколку се материјални од финансиска перспектива, од перспектива на влијание, или од двете. Ова обезбедува транспарентност и ги поддржува компаниите во подобро управување со нивните ризици, можности и одговорности.

Имплементација на двојна материјалност:

  • Идентификувајте ESG ризици и можности: Оценете ги факторите на животната средина, социјалните и управувачките фактори кои би можеле да влијаат на вашите операции, репутација и финансиска стабилност.
  • Спроведете процена на двојна материјалност: Оценете и управувајте со финансиските влијанија на проблемите со одржливоста и пошироките влијанија на вашата компанија врз општеството и животната средина.
  • Разберете го вашиот синџир на вредности: Добијте подлабоко разбирање за прашањата на одржливоста низ вашиот синџир на вредности за точно да ги измерите и оцените материјалноста.

Со подготвување за усогласеност со CSRD и усвојување на пристапот на двојна материјалност, листираните македонски МСП можат да обезбедат дека ги исполнуваат новите стандарди за известување, ја подобруваат транспарентноста и ги искористуваат придобивките од зголемената одговорност кон засегнатите страни.