Што претставува EU Taxonomy?
EU Taxonomy за одржливи активности, воспоставена во јули 2020 година, е основен дел од рамката за одржливо финансирање на ЕУ и значаен алат за транспрентност на пазарот. Тоа е класификациски систем за усогласат своите активности со стандардите за одржливот на ЕУ и да пристапат до финансирање од европските синџири на вредности. Со ова, се насочуваат инцестициите кон економски активности што се најпотребни за транзицијата, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.
На кратко, EU Taxonomy бара финансиските институции и компаниите да ги оценуваат, следат и пријавуваат своите инвестиции и активности според нивната усогласеност со еколошките стандарди и регулативи.
Што е EU Taxonomy?
EU Taxonomy е регулаторна рамка поставена од ЕУ која дефинира кои економски активности се сметаат за еколошки одржливи и усогласени со целта за нула емисии до 2050 година, како и пошироки еколошки цели покрај климатските промени.
Овој систем им овозможува на финансиските и нефинансиските копмпании да имаат заедничка дефинивија за активности кои можат да се сметаат за одржливи. Со тоа, EU Taxonomy игра важна улога во зголемувањето на одражчивите инвестиции во ЕУ, обезбедувајќи сигурност за инвеститорите , заштита од “зелено перење” , помагајќи им на копмапниите да станат поклиматски одговорни и намалувајќи ја пазарната фрагментација.
Зошто македонските компании треба да се грижат за EU Taxonomy?
Особено за поголемите корпорации, усогласувањето на деловните активности со EU Taxonomy може да донесе значителни придобивки и стратешки предности:
| Пристап до европските пазари |
Усогласувањето со стандардите на EU Taxonomy може да отвори нови деловни можности во рамките на ЕУ. Многу европски компании ставаат приоритет на одржливоста и бараат нивните добавувачи да ги исполнуваат овие стандарди. Со усогласување со EU Taxonomy, компанијата може да стане посакуван партнер за компании од ЕУ, со што полесно би се вклучила во вредносните синџири на ЕУ. |
|
Подобрена конкурентност и пазарна позиција
|
Демонстрирањето на посветеност кон одржливи практики може значително да ја подобри репутацијата и конкурентноста на вашата компанија.Купувачите, каков во ЕУ, така и на глобално ниво се повеќе ја ценат одржливоста. Усогласувањето со стандардите на EU Taxonomy не само што ги исполнува тековните пазарни очекувања, туку може и да ја позиционира вашата компанија како лидер во одржливоста, како во Северна Македонија така и пошироко |
|
Ослободување на одржливи финансиски текови во ЕУ ентитети
|
ЕУ претставува значаен финансиски пазар за македонските компании. За да обезбедат комплетно и транспарентно оценување според EU Taxonomy, европските финансиски субјекти ќе побараат докази од компании надвор од ЕУ дека нивните економски активности ги исполнуваат барањата за одржливост наведени во регулативата.
Македонските кредитни институции кои добиваат средства од Еврпоската Инвестициска Банка (EIB) веќе работат според зелените критериуми на EIB, кои во голема мера се преклопуваат со критериумите на EU Taxonomy. Затоа, усогласувањето со барањата за одржливост на EU Taxonomy може да овозможи пристап до зелено финансирање преку македонските финансиски институции.
Инвеститорите или финасиските советници надвор од ЕУ кои нудат производи во ЕВропа се веќе обврзани со Регулативата за откривање на одржливо финансирање - Sustainable Finance Disclosure Regulation (SFRD), која бара од финансиските пазарни учесници да обезбедат јасни информации за одржливоста.
|
|
Продонес и забрзување на транзицијата кој економија со ниска емисија на јаглерод
|
Северна Македонија активно работи на усогласување со стандардите на ЕУ во рамките на процесот за пристапуавње кон Унијата. Во ревидираниот Национално утврден Продонес (NDC) април 2021 година, земјата ја зголеми својата амбиција со цел намалување на нето емисиите на стакленички гасови за 82% до 2030 година и постигнување на нето нула емисии до 2050 година.
Со усогласување со критериумите на EU Taxonomy, вашата компанија може директно да придонесе за националните напори з анамалување на емисиите и промоција на одржлива развој. Ова не само што го поддржува преминот на земјата кон зелена економија, туку исто така може да овозможи пристап до државни субвенции, поттикувања и дополнителна поддрѓка за усвојување на одржливи практики.
|
|
Станете ”пионир“ – подгответесе за таксономиите
|
ЕУ постепено ги зостува своите еколоѓки регулативи. Со проактивно усогласување со EU Taxonomy, чекор по чекор, компаниите можат да бидат во предност пред овие регулаторни промени. Овој пристап овозможува непречено работење и избегнување на потенцијални трошоци за усогласување во иднина.
Ова визионерско планирање ќе ја направи вашата компанија поотпорна и поприлагодлива на идните регулативи, што може да се покаже како значителна конкурентска предност.
|
|
Зголемување на отпорноста на работењето
|
Спроведувањето на одржливи практики – без разлика дали се усоглсени со EU Taxonomy или не – може значително да ја зајакне отпорноста на компаниите. Одржливите практики често резултираат со поголема ефикасност, намалена зависност од ресурси и подобра подготвеност за еколошки ризици.
Оваа отпорност им овозможува на компаниите поефективно да се справат со економски, еколошки и регулаторни промени, обезбедувајќи долгорочна стабилност и успех.
|
|
Намалување на ризкот од „зелено перење“-‘greenwashing’
|
Усогласувањето со критериумите на EU Taxonomy им овозможува на компаниите да обезбедат дека нивните тврдења за одржливост се веродостојни и проверливи. На овој начин се намалуваат ризиците поврзани со „зелено перење“ (greenwashing).
Оваа транспарентност е клучна за градење доверба кај инвеститорите, клиентите и регулаторите, зајакнувајќи го кредибилитетот и интегритетот на вашата компанија.
|
Како да се усогласите со EU Taxonomy
Усогласувањето со EU Taxonomy може да биде предизвик , дури и на земјите – членки на ЕУ. Сепак, и покрај тешкотиите, инвестирањето во поодржчиви практики носи бројни придобивки. Стремежот за исполнување на критериумите на EU Taxonomy е клучен за идната подготвеност. Компаниите не треба да се обесхрабруваат ако во моментот не можат да ги исполнат сите критериуми.
Чекори за усогласување:
- Идентификувајте ги релевантните активности:
Прегледајте ги вашите деловни операции и утврдете кои активности можат да се класифицираат под шесте цели на Таксономијата.
- Оценете ја одржливоста на перформансите:
Проценете и документирајте како вашите активности ги исполнуваат критериумите за одржливост утврдени во ЕУ Таксономијата.
- Известувајте и обелоденувајте:
Транспарентното известување за вашите перформанси на полето на одржливост е од суштинско значење. Подгответе се за обелоденување на тоа како вашите активности се усогласуваат со критериумите на ЕУ Таксономијата.
Ресурси и алатки:
EU Taxonomy Navigator: онлајн алатка која помага за навигација низ рамката на ЕУ Таксономијата, вклучувајќи:
- EU Taxonomy compass – визуелен приказ на секторите, активностите и критериумите во ЕУ Таксономијата.
- EU Taxonomy calculator – водич чекор по чекор за обврските за известување.
- FAQs repository – преглед на прашања и одговори за ЕУ Таксономијата и делегираните акти.
- EU Taxonomy user guide – едноставен водич за ЕУ Таксономијата наменет за лица без експертиза.
- NACE classification mapping – поврзување на секторите и активностите со NACE класификацијата.