Loading...

Разбирање на јаглеродната неутралност



Концепти на јаглеродната неутралност

За да се ограничи зголемувањето на температурите на 1,5 °C во споредба со прединдустриската ера, мора да се постигне неутралност на јаглеродот до 2050 година. Емисиите на стакленички гасови генерирани од човечки активности веќе ја зголемија глобалната температура за 1,1 °C од индустриската револуција, со катастрофални последици . Според IPCC, CO2 сочинува повеќе од две третини од емисиите на стакленички гасови, а употребата на фосилни горива е одговорна за поголемиот дел од емисиите на CO2. Според тоа, еден од главните предизвици за постигнување јаглеродна неутралност лежи во зависноста од фосилните горива.

Концептите на јаглеродна неутралност, нето нула и неутрализација на јаглерод често се користат за да се опишат напорите на корпорациите за намалување на нивните емисии на стакленички гасови. Иако се тесно поврзани, постојат важни разлики помеѓу овие термини

Јаглеродна неутралност

Јаглеродната неутралност ги комбинира “ декарбонизацијата “ и “ неутрализирање  на јаглерод”. Јаглеродната неутралност може да се постигне со намалување на јаглеродните емисии колку што е можно повеќе и неутрализирање на преостанатите емисии со инвестирање во проекти за намалување на емисиите на друго место. The ISO 14068 standard aims to formalise the management procedures concerning carbon neutrality and to prevent companies from erroneously claiming "carbon neutrality."

Неутрализација на јаглерод

Овој концепт овозможува за неутрализација на емисиите преку финансирање проекти за складирање или намалување на емисиите на друго место.Тоа значи една компанијата може да продолжи да испушта GHGs- стакленички гасови , но ја неутрализира или компенизра таа емисија преку финасирање на проекти на друго место што го намалуваат јаглеродниот отпечаток (на пример, проекти за финансирање на пошумување(кои апсорбираат јаглерод)  или обновлива енергија- кои намалуваат емисијата на стакленичките гасови). Меѓутоа, за да се избегне паѓање во „зелено перење“, т.е., манипулативно користење на еколошки аргументи за подобрување на споствениот имиџ, неутрализирањето на јаглеродот не треба да ги замени напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Треба само да компензира за неизбежните емисии.

Нула нето

IWA 42:2022  стандардот ја дефинира „нето нула емисии на стакленички гасови“ како состојба која се одесува на балансот помеѓу емисиите што ги прозиведуваат човековите активности и методите за отстранување или апсорпција на тие емисии. Според овој стандард, кога зборуваме за нето нула тоа значи дека вкупната количина на стакленички гасови што се испуштаат во атмосферата одд компанијата треба да биде во рамнотежа со количеството на стакленички гасови што се отстрануваат или апсорбираат преку различни активности. Отстранувањата кои произлегуваат од човечките активности вклучуваат обнова на екосистемот, директно фаќање на јаглерод од воздухот и складирање, обновување на шумите и други ефективни методи. Со ова компанијата мора да покаже јасна посветеност и треба да се обврзе на намалување на своите емисии и да покаже дека нејзините цели се насочени кон покривање на сите стакленички гасови (не само CO2), со цел да се посигне нето нула.Тоа значи дека, иако не може да се избегнат сите емисии, тие треба да бидат неутрализирани преку овие методи.

Сертификација на јаглеродни кредити

Јаглеродните еквиваленти претставуваат кредити во сооднос на еден тон на CO2. Купувањето на овие кредити им дозволува на копмапниите да ги неутрализираат своите неизбежни емисии на стакленички гасови. Овие кредити мора да бидат внимателно следени и обележени, за да се осигура дека се пласираат одговрно и транспарентно и за да им се даде доверба на компаниите да сакат да ги компензираат своите емисии.

Во делот за Сертификација на овој водич се наведени главните сертификацииски програми за јаглродни кредити. Цената на јаглеродните кредити првенствено зависи од видот на проектите, нивната големина, локација и начинот на имплементација.