Loading...

Главни лостови за декарбонизација



Инвестициски области за декарбонизација

Декарбонизацијата е клучен елемент за ублжување на последиците од климатските промени. Вклучува намалување на емисијата на стакленички гасови првенствено со ограничување на потрошувачката на енергија и употребата на фосилните горива во корист на обновливите енергетски ресурси, или со намалување на потрошувачката на материјали. Бизнисите може да придонесат за ублажување на последиците од климатските промени со спроведување на ефективни стратегии за декарбонизација.

Енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност: Можете да ја намалите побарувачката преку самосвесност за рационално користење на енергијата и борба против трошењето преку минимизирање на непродуктивната потрошувачка во фабриките или непрофесионалната потрошувачка во згради.Потенцијалната заштеда може да варира помеѓу 5% и 20% од потрошувачката. Енргетската ефикасност вклучува користење на помалку нерегија за да ги постигне истите резултати ( квантитет и квалитет на производите) преку инвестирање во технологии и опрема насочени кон поголеми перформанси и про дуктивност ( мотори со висока ефикасност, контролори за брзина, обновување на топлина, ЛЕД одветлување , изолација итн.). За да се разбере потренцијалот за намалување на потрошувачката на енергија, се препорачува енергетска контрола.

Дигитализација

Дигитализација: Можете да подобрите само она што го мерите. Дигитализацијата на управувањето со енергијата овозможува собирање на податоци за производството (на пример, од соларна ПВ постројка) или податоци за потрошувачката (од различни сектори) следење во реално време. На тој начин, операторите ги идентификуваат можностите за оптимизација и да дејствуваат брзо благодарение на предупредувањата од инсталираните системи.

Енергија од обновливи извори

 

Енергија од обновливи извори: Обновлите извори на енергија се сметаат за неисцрпни поради нивното брзо надополнување и тие генерираат малку или никакви емисии што ја загадуваат животната околината. Тие доаѓаат од природни циклични или постојани појави како што е сонцето (топлина и светлина), месечевите мени (плимата и осеката), земјината топлина ( геотермална), и ветерот (силата на ветерот). На пример, биомасата, добиени од земјоделскиот или шумскиот органски отпад, може да се користи за да се прозведе електрична енергија, топлина или биогориво. Искористувањето на достапните простори (покриви , земја), со инсталирање на фотонапонски соларни панели може да покрие дел од потребите за електрична енергија.

Складирање на CO2

Складирање на CO2: Складирањето на јаглерод од  фабричките емисии пред да се ослободи  во атмосферата може да биде корисно, особрено кога е тешко да се намалаат емисиите, особено во тешките индустрии. Најчесто користениот процес е пост-комбустивно зафаќање, каде што CO2  се извлекува преку процес на перење на емисиите со специјален растворувач. За повеќе информации за складирање на CO2  како природен или вештачки јаглероден прочистувач, прочитајте тука..

Алтернативни материјали

Алтернативни материјали: Ова вклучува замена на суровините и материјалите што испуштаат значителни колилини на CO2  со материјали кои имаат помал јаглероден отпечаток. Материјалите што се користат за производство може да се рециклираат ( на пример, пластика) , еколошки на (на пример, кожа од растително потекло) или произведени со обновливи извори на енергија( на пример, зелен водород во производство на амонијак), притоа задржувајќи ја истата функционалност.

Циркуларна економија

Циркуларна економија: Оваа стреатегија има за цел да го намали користењето на примарни ресурси преку премин од линеарен модел ( екстркација, производство , потрошувачка и отстранување) кон циркулаен модел на активности ( повторна употреба, намалување и рециклирање на ресурсите). Со рециклирање, ефикасна употреба на ресурсите и користење на отпадот за производство на енергија (биогас, биомаса) се постигнува значително зачувување на материјалите.