Loading...

Управување со емисииите на стакленички гасови (GHG)



Корпоративен стандард за протокол на стакленички гасови

GHG Protocol Corporate Accounting and Reporting Standard  е меѓународна најдобра практика за глобална стандардизација на стакленички гасови (GHG), со цел корпоративните субјекти да можат да ги измерaт, квантификуваат и пријават своите емисии, со крајна цел да се направат глобалните емисии управливи. Релевантните гасови, како што се опишани во Кјото протоколот - Kyoto Protocol (1997, имплементиран во 2005), се: јаглерод диоксид (CO2), метан (CH4), азотен оксид (N2O), хидрофлуорокарбони (HFCs), перфлуорокарбони (PFCs) и сулфур хексафлуорид (SF6). Протоколот е под управување на Светскиот институт за ресурси - World Resources Institute (WRI) и Светскиот деловен совет за одржлив развој - World Business Council for Sustainable Development.

Корпоративниот стандард за протокол на стакленички гасови обезбедува барања и насоки за компаниите при изготвување на GHG инвентар што претставува вистинска и фер проценка на нивните емисии преку употреба на стандардизирани пристапи и принципи. Дополнителни цели на овој протокол се поедноставување и намалување на трошоците за составување на GHG инвентарот, обезбедување информации за компаниите за градење ефикасна стратегија за декарбонизација, како и зголемување на конзистентноста и транспарентноста во GHG сметководството и известувањето меѓу компаниите.

Овој стандард е развиен за компании кои развиваат GHG инвентар, но не треба да се користи за квантификација на намалувања поврзани со проекти за ублажување на GHG, бидејќи GHG протоколот за проектно сметководство обезбедува барања и насоки за таа цел.

Фокусот на GHG протоколот е на сметководство и известување на емисиите, но не бара задолжително пријавување на емисиите. Дополнително, иако стандардот е дизајниран за развој на верификуван инвентар, тој не обезбедува стандарди за тоа како треба да се спроведе процесот на верификација.

Алатки за пресметување на GHG протоколот за стакленички гасови

За дополнување на стандардот, достапни се алатки со чекор-по-чекор насоки и работни листови кои им помагаат на компаниите да ги пресметаат GHG емисиите од специфични извори или индустрии.

Предложени GHG протокол алатки
Меѓусекторски алатки

Доделување на емисии од комбинирана топлинска и електрична централа (Водич)

Доделување на емисии од комбинирана топлинска и електрична централа (Насоки и работни листови)

Фактори на емисии (Работен лист)

GHG емисии од стационарно согорување (Водич)

GHG емисии од стационарно согорување (Работен лист)

GHG емисии од транспорт или мобилни извори (Работен лист)

Потеницијални вредности ан глобалносто затоплување (Водич)

Несигурност во мерењето и проценката на GHG емисии (Водич)

Несигурност во мерењето и проценката на GHG емисии (Работен лист)

Ладење и климатизација(Водич)

Ладење и климатизација (Работен лист)

Алатки специфични за секторот

Адипинска киселина (Водич)

Адипинска киселина (Работен Лист)

Алуминиум (Водич)

Алуминиум (Работен Лист)

Амонијак (Водич)

Амонијак (Работен Лист)

Цемент (Водич)

Цемент (Работен Лист)

HCFC-22 (Водич)

HCFC-22 (Работен Лист)

Железо и челик (Водич)

Железо и челик (Работен Лист)

Вар (Водич)

Вар (Работен Лист)

Азотна киселина (Водич)

Азотна киселина (Работен Лист)

Целулоза и хартија (Водич)

Целулоза и хартија (Работен Лист)

Полупроводници (Работен Лист)

Дрво (Водич)

Дрво (Работен Лист)

Релевантни документи

Прилагодување на основната година

Корпоративен вредносен синџир (Опсег 3) стандард

Водич за управување со стакленички гасови во услужниот сектор

Барани гасови и GWP вредности

Насоки за Опсег 2

GHG протоколот обезбедува обука Corporate Standard Training Webinar, каде учесниците можат да стекнат знаења и вештини во следниве категории:

  1. Управување со емисии на стакленички гасови (GHG емисии) и принципи на известување
  2. Дефинирање на деловни цели и дизајн на инвентар
  3. Поставување на организациски граници
  4. Поставување на оперативни граници
  5. Следење на емисиите со текот на времето
  6. Идентификување и пресметување на GHG емисии
  7. Известување за GHG емисии

Вебинарот вклучува сесии во живо, снимки од вебинари и материјали за обука.