Loading...

Кон промена на парадигмата



Повеќе од кога било, декарбонизацијата сега е во срцето на развојните стратегии на компаниите

Пораката е јасна:

За македонските компании од сите големини и и од сите сектори, декарбонизацијата - која вклучува усвојување одржливи модели на производство и потрошувачка за да се намалат емисиите на стакленички гасови - станува клучен фактор за одржување на конкурентноста. Со започнување на ова патување, компаниите не само што придонесуваат во глобалната борба против климатските промени, туку и ги намалуваат трошоците за производство и ја подобруваат стабилноста на нивните резерви на енергија и суровини. Компаниите подобро ќе одговорат на развојните очекувања на националните и меѓународните клиенти и партнери, истовремено подготвувајќи се за сè построги регулативи.

Овој водич содржи информации и практични совети за поддршка на македонските компании во нивната транзиција кон ниска потрошувачка на јаглерод.

Процесот опишан во овој водич има за цел да им помогне на компаниите подобро да ја разберат итноста на декарбонизацијата, да го структурираат својот пристап, да ја пронајдат соодветната експертиза, да обезбедат финансирање и да ги искористат достапните ресурси за поддршка, како и да се инспирираат од примери на еко-пријателски и профитабилни проекти или технилогии. Овој водич, бидејќи е адаптивен и дигитален, постојано ќе се ажурира со најновите регулаторни или технолошки достигнувања.

Декарбонизацијата е сега!