Loading...

Номенклатура на категории и извори на стакленички гасови GHG



Категории на емисии

Стандардот ISO 14064-1 (верзија)2018) издвојува шест категории на емисии:

  1. Директни емисии,
  2. Индиректни емисии поврзани со енергија,
  3. Индиректни емисии поврзани со транспорт
  4. Индиректни емисии поврзанисо купување на прозиводи,
  5. Индиректни емисии поврзани со продажба на производи,
  6. Други индиректни емисии на стакленички гасови GHG.

Секоја категорија вкучува неколку извори на стакленички гасови кои се класифицирани како суб-категории.

  Категорија Примери на извори на емисии
Директни GHG емисии 1.1 Директни емисии од стационарни извори на согорување Потрошувачка на горива (масло за греење, дрво, природен гас во котел)
1.2 Директни емисии од мобилни извори на согорување Потрошувачка на гориво во автомобили, товарни возила или други механизациј
1.3 Директни емисии од процесот со исклучок на енергијата Индистриски процеси различни од согорувањето
1.4 Директни фугитивни процеси Истекување на течности за ладење, метан од анаеробно распаѓање на отпадот, азотен оксид при нанесување на ѓубриво
1.5 Емисии од биомаса (почвата и шумите) Уништување на ливади или шуми за потребите на урбаниот развој (патишта, паркинзи, згради и сл.), сеча на шума за претворање на подрачјето во земјоделско земјиште
Индиректни емисии поврзани со енергија 2.1 Индиректни емисии поврзани со потрошувачка на електрична енергија Производство на електрична енергија од електрана - топлинска, нуклеарна или обновлива енергија
2.2 Индиректни емисии поврзани сои потрошувачката на енергија различна од електричната енергија Работа на турбини или котли
Индиректни емисии поврзани со транспорт 3.1 Транспорт на стока при набавка - влезен транспорт Транспорт на стоки со камион, воз, брод, авион, електричен велосипед со помошен погон итн.,кои една компанија ги купува или користи.
3.2 Транспорт на продадена стока -излезен транспорт Транспорт на стоки со камион, воз, брод, авион, електричен велосипед со помошен погон итн. кои компанијата веќе ги продала.
3.3 Патување од дома  до работа Автомобил, јавен превоз, мотор, електричен велосипед со помошен погон итн., кои ги користи вработениот за патување до работното место.
3.4 Патување на посетители и клиенти Авиони, возови, изнајмени автомобили, такси, електричен велосипед со помошен погон итн. или урбан јавен превоз што го користи посетителот или клиентот за патување до некој од објектите.
3.5 Службени патувања Авиони, возови, изнајмени автомобили, такси, електричен велосипед со помошен погон итн. или урбан јавен превоз што се користи за деловни патувања.
Индиректни емисии поврзани со набавени производи 4.1 Набавка на стоки Екстракција (или одгледување), а потоа и преработка на материјали за производство на неконтинуирани производи што ги набавува правното лице: суровини за производство, хартија, разни материјали за снабдување итн.
4.2 Капитални добра Екстракција (или одгледување), а потоа и преработка на материјали за производство на трајни производи што ги набавува правното лице: згради и друга инфраструктура, возила, машини, компјутерска опрема итн.
4.3 Управување со отпад Собирање и третман (инсинерација, компостирање, депонирање, рециклирање итн.) на отпад и отпадни води што настануваат во рамките на организациските граници.
4.4 Лизинг на средства Производство, употреба, одржување и крај на животниот циклус на добра (возила, станбени објекти, машини) кои правното лице ги изнајмува од трети страни, кои остануваат во сопственост на третите страни.
4.5 Набавка на услуги Активности кои водат до производство на услуга (банкарство, рекламирање, консалтинг, технички студии итн.) што ги набавува правното лице.
Индиректни емисии поврзани со продадени производи 5.1 Употреба на продадени производи Производство на енергија и материјали што се трошат за време на целиот животен циклус на производите продадени во текот на извештајната година од страна на правното лице.
5.2 Лизинг на средства Производство, употреба, одржување и крај на животниот циклус на добра (возила, станбени објекти, машини) што се во сопственост на правното лице и се изнајмени на трети страни кои ги користат.
5.3 Крај на животниот циклус на продадени производи Собирање и третман (инсинерација, компостирање, депонирање, рециклирање итн.) на крајот од животниот циклус на производите продадени во текот на извештајната година од страна на правното лице.
5.4 Инвестиции Активности и проекти финансирање од правното лице.
Други индиректни емисии Други индиректни емисии Извори на индиректни емисии што произлегуваат од активностите на правното лице, а не можат да се вклучат во ниту една од другите категории.