Планирање на активности
Компаниите треба најпрво да спроведат мерки за ублажување на емисиите на стакленички гасови (GHG), а потоа да преминат кон финансирање активности за компензација на неизбежните емисии.
За да ги намалат емисиите на стакленички гасови поврзани со своите активности, се препорачува да спроведат енергетска контрола, бидејќи енергијата е еден од најголемите извори на емисии на GHG. Дополнително, се препорачува и изработка на студија за изводливост за користење на фотонапонски централи. Министерството за економија на Македонија обезбедува листа на сертифицирани енергетски контролори (на македонски јазик).
Пред да го спроведе својот акциски план, компанијата треба да ги евалуира различните опции според тежината на спроведувањето, времето за враќање на инвестицијата и влијанието врз намалувањето на емисиите на стакленички гасови.
| |
Примери на акции за декарбонизација |
Техничка изводливост |
Финансиска одржливост |
| Енергетска ефикасност |
Замена на енергенска интензивна опрема |
Високo |
Високo |
| Преод од традиционално на LED осветлување |
Многу високo |
Многу високo |
| Подобрување на термичка изолација |
Високo |
Умерена |
| Обновлива енергија |
Инсталирање на соларни PV панели |
Многу високo |
Високo |
| Користење на котли на биомаса |
Високo |
Високo |
| Циркуларна економија |
Повторна употреба на техничка вода |
Умерена |
Умерена |
| Рециклирање на отпад |
Умерена |
Умерена |
| Алтернативни материјали (со ниска емисија на CO2) |
Замена на пластична амбалажа со рециклирана хратија |
Високo |
Нискo |
| Зафаќање на CO2 |
Индустриско зафаќање на CO2 |
Умерена |
Нискo |
| Собирање на CO2 пошумување |
Многу високo |
Нискo |
| Дигитализација |
Инсталирање на термалини сензори, мерни сензори, далечинско дигитално управување со индистриски процеси итн. |
Високo |
Високo |
Повеќе детали? Подолу ќе најдете примери за активности за декарбонизација во индустријата:
Превентивно одржување и оптимизација
- Редовно следење на потрошувачката на енергија за идентификување на аномалии или дефекти.
- Исклучување или гасење на неупотребуваната опрема.
- Често чистење на површините за пренос на топлина (калеми, радијаторски цевки) за да се избегне загадување и да се одржи високата ефикасност на системите за греење, ладење и разладување.
- Калибрација и редовно одржување на сензори и контролери (притисок, температура, проток).
- Редовна замена на филтри за намалување на загубите на притисок.
- Често и соодветно одржување на изолацијата на топлинските мрежи (пареа, топла вода, ладна вода) и опремата (изменици, пастеризатори, котли) за намалување на загубите, спречување на кондензација и одржување на постојана температура на процесите.
- Детекција и елиминација на протекувања во сите дистрибутивни мрежи (компримиран воздух, вода).
- Инспекција и поправка на замките за пареа во парната мрежа.
- Автоматско функционирање на врати во ладни простории/ладилници за намалување на оптоварувањето за разладување.
- Испуштање на базени врз основа на читања за квалитет на водата за оптимизирање на користењето на топлината од процесите.
- Користење на контролен вентил за испуштање на котли.
- Автоматизација на процесот за чистење.
- Инсталирање на систем за управување со енергија.
Опрема со висока ефикасност
- Правилно димензионирање на опремата за да се избегне прекумерна големина (дополнителни трошоци).
- Мотори со висока ефикасност.
- Електронски комутирани мотори.
- Инвертери за мотори со променливо оптоварување.
- Компресори за воздух со променлива фреквенција и висока ефикасност; приспособување на притисокот според реалните потреби, намалување на протекувањата и користење на ладниот воздух од компресорите.
- Плочести изменици наместо цевкасти изменици.
- Термостатски замки за пареа.
Рекуперација на топлина и интеграција на процеси
- Рекуперација на топлина од издувни гасови, кондензат и производи на хемиски реакции за предгревање на воздухот за согорување, вода, материјали или свеж воздух.
- За големи индустриски инсталации, анализирање на енергетската потрошувачка на процесите како целина, наместо индивидуално.
- Разгледување на сите енергетски текови за одредување каде топлината може да се рекуперира и како да се искористи.
Енергетска супституција
- Инсталирање на соларни фотоволтаични панели за самопроизводство доколку има достапен простор.
- Договори со снабдувачи на декарбонизирани извори на енергија (соларна, ветерна, биомаса).
- Користење биодизел или биогас, горива произведени од обновливи материјали, за директна замена на дизелот и нафтата во постојната опрема (мотори и котли).
- Замена на котелите на нафта со гасни или котли на биомаса за процеси како што се готвење, стерилизација, сепарација и сушење, искористувајќи ги постојните парни мрежи.
- Приспособување на енергетските договори (електрична енергија и др.) за намалување на трошоците за снабдување.
Намалување на емисии од процесите
Неенергетските емисии од индустрискиот сектор се исто така значајни и главно доаѓаат од процеси (на пример, CO2 од производствените техники на алуминиум, цемент и челик), земјоделство (на пример, CH4 од ентерична ферментација и управување со почвата) и управување со отпад. За да се намалат овие емисии, можно е декарбонизирање и тоа:
- Користење на "зелениот" водород како инпут во производството на амонијак, ѓубрива, челик и нафтени производи.
- Користење биогас како инпут во производството на пластика, намалување на руда и други петрохемиски процеси.
- Делумна замена на клинкерот со пепел, вулканска пепел и др. во производството на цемент.
Циркуларна економија
Моделот на циркуларна економија има за цел одржливо производство на стоки и услуги преку ограничување на потрошувачката на ресурси и генерирање отпад. Основата е создавање позитивни вредносни циклуси при секое користење или реупотреба на материјали или производи пред нивното финално отстранување. Овој модел се фокусира на:
- Продолжување на животниот век на производите.
- Користење наместо поседување на стоки.
- Повторна употреба и рециклирање на компоненти.