Loading...

Како да се декарбонизира?



Подготвени да започнете?

Во делот „Итниот повик за декарбонизација“, разбравме дека:

  • човековите активности создаваат „дополнителен“ ефект на стаклена градина, чијшто влијанија врз климата силно се чувствуваат во Северна Македонија;
  • климатските ризици за компаниите се бројни (влошување на средствата, нарушени синџири на снабдување, загуби во продуктивноста, построги регулативи, промени во однесувањето на потрошувачите и сл.);
  • декарбонизацијата значи подобрување на конкурентноста: намалување на трошоците и енергетската независност, оптимизација на ресурсите, пристап до пазари, поволно финансирање и сл.

Што точно сакаме да декарбонизираме?

Клучно е од самиот почеток да се утврди што сакате да намалите и како ќе го измерите тоа.

Препорачливо е да се изработи инвентар на стакленички гасови (GHG) за вашата компанија, кој ќе ги пресмета директните и индиректните емисии поврзани со вашата активност во текот на една година. Потоа, треба да се изготви план за акција кој ќе ги намали вашите емисии и производствени трошоци.

Понатаму, особено ако вашата компанија извезува, ќе биде потребно да се пресмета јаглеродниот отпечаток на вашите производи. Ова подразбира мерење на емисиите на стакленички гасови кои се генерираат низ целиот животен циклус на производите – од нивното производство до употребата и рециклирањето.