Важно: Преоден период
За да им помогне на засегнатите страни во подготовките на новите обврски за исвестување што започнаа од Октомври 2023 година, Европската Комисја подготви достапни водичи за користење преку CBAM Guide.
Дополнително, обезбедени се детални контролни листи и информации за сектори за увозниците на производи кои спаѓаат под опфатот на CBAM. тука.
Подготовка на компаниите за извоз за CBAM
Со цел да ја намали емисијата на штетни гасови за 55% до 2030год (во споредба со нивото од 1990) и да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, ЕУ воведе пакет мерки наречен "Fit for 55", кој вклучува и CBAM.
CBAM е регулатива која има за цел да спречи “јаглеродно истекување” – ситуација кога компании од ЕУ го префрлаат своето производство во земји со помалки строги климатски политики или кога прозводите на ЕУ се заменуваат со увоз со поголем јаглероден отпечаток. Оваа регулатива ќе помогне во намалување на глобалните емисии и ќе обезбеди фер услови за конкуренција помеѓу производителите во ЕУ и оние од трети земји.
Во 2021 година, 30% од јаглеродните емисии доаѓале од увоз.
ЕУ систем за трговија со емисии (EU ETS)
ЕУ Системот за трговија со емисии (EU ETS) функционира на принципот „ограничување и тргување“. „Ограничувањето“ претставува макимално количество н астакленички гасови кое одредени објекти имаат дозвола да го испуштат.) Ова ограничување се намалува секоја година за да се усогласи со климатските на ЕУ, што резултира со намалување на емисиите на ниво на цела ЕУ. До 2023 година, благодарение на EU ETS, емисиите од енергетските и индустриските постројки во Европа се намалија за околу 47% во споредба со 2005 година.
Во EU ETS, ограничувањето е претставено преку дозволи за емисија, при што една дозвлеа овозможува емисија на еден тон CO2 еквивалентно. Овие дозволи се распределуваат преку аукции и можат да се тргуваат на пазарот. Со намалувањето на ограничувањето, бројот на достапни дозволи на пазарот исто така се намалува. Компаниите кои се дел од системот мораат годишно да ги следат и пријавуваат своите емисии, и да предадат доволно дозволи за да ги покријат своите емисии. Непочитувањето на правилата води до сериозни казни. Додека поголемиот дел од дозволите се продаваат на аукција, некои се доделуваат бесплатно на одредени компании. Компаниите имаат слобода да тргуваат со дозволите според нивните потреби. Ако успеат да ги намалат своите емисии, можат да ги продадат вишокот дозволи или да ги зачуваат за иднина.
Цената на дозволите, која се одредува од пазарот за јаглерод на ЕУ, е под влијание на намалувањето на ограничувањето, што сигнализира долгорочно намалување на достапноста на дозволите и ја одржува нивната пазарна вредност. Овој механизам ги поттикнува компаниите да ги намалат емисиите на најефикасен начин, додека приходите од продажбата на дозволите, кои од 2013 година надминаа 175 милијарди евра, главно се пренасочуваат во националните буџети. Земјите-членки се обврзани да ги инвестираат овие приходи во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и други технологии со ниски емисии, со цел дополнително намалување на емисиите. Дополнително, дел од приходите од ЕУ СТЕ го финансираат Иновацискиот фонд и Фондот за модернизација, кои поддржуваат иновации со ниски емисии и пошироката енергетска транзиција на ЕУ.
CBAM и компании од трети земји
CBAM ги става компаниите од трети земји под исти еколошки стандарди како оние што важат за компаниите во ЕУ. Ова има двојна цел да се појави увоз на производи за производство на го забрзува глобалното затоплување и да се спречи пренесување на производството надвор од ЕУ за да се избегнат регулациите.
Според принципот „загадувачот плаќа“, јаглеродниот пазар на има да мери, ЕУ за контрола и цел емисии, притоа обезбедувајќи фер пазарни услови.

Дополнителни давачки според CBAM
Давачките што се предвидени со CBAM се базираат на цените утврдени според системот на ЕУ за трговија со емисии (EU ETS).
Производите што се увезуваат во Европа и имаат јаглероден отпечаток над одреден праг ќе подлежат на „дополнителна давачка“. Со ова, се очекува компаниите кои извезуваат во ЕУ да се поттикнат кон користење на технологии со пониски емисии.
CBAM не е класичен „јаглероден данок“ што се наплатува при царинење на стоките. Наместо тоа, увозниците од трети земји ќе треба да купуваат CBAM сертификати од националните власти, при што цените на сертификатите ќе бидат поврзани со цената на CO2 во европскиот јаглероден пазар.
Преодна фаза на CBAM (2023-2025)
CBAM ќе започне со целосна примена во 2026 година, додека преодната фаза ќе трае од 2023 до 2025 година. Овој постепен пристап е во согласност со укинувањето на бесплатните квоти во рамките на EU ETS, што има за цел да ја поттикне декарбонизацијата на индустријата во ЕУ.
Првично, CBAM ќе се применува на увоз на одредени производи и прекурсори чија продукција е јаглеродно интензивна и е изложена на најголем ризик од јаглеродно истекување. Ова вклучува цемент, железо и челик, алуминиум, ѓубрива, електрична енергија и водород. Со проширената примена, CBAM на крајот ќе опфати повеќе од 50% од емисиите во секторите опфатени со EU ETS.
Целта на преодниот период е да служи како пилот фаза за сите засегнати страни (увозници, производители и власти) и да се соберат корисни информации за вградените емисии. Ова ќе помогне да се прецизира методологијата за периодот на целосна примена.
Во текот на преодната фаза, увозниците на производи кои спаѓаат под новите правила ќе имаат обврска само да ги пријавуваат емисиите на стакленички гасови (директни и индиректни емисии) што се вградени во нивниот увоз. Нема да биде потребно да купуваат или доставуваат сертификати. Индиректните емисии ќе бидат вклучени во опфатот по преодниот период за некои сектори (како цемент и ѓубрива), врз основа на дефинирана методологија.