Loading...

Климатски стратегии



Обврски за борба против климатските промени

Емисиите на стакленички гасови од човечки активност доведоа до климатско затоплување во големи мерки. Како одговор на тоа, земјите и региони ширум светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се донесуваат се повеќе политики за да се справат со климатските промни и да го намлат нивниот негативен ефект.За приватниот сектор, започнувањето со процесот на декарбонизација значи активно учество во овие политики, што е важно бидејчи покрај националните обврски, компаниите треба да се подготвата и за идните меѓународни политики кои ќе бидат се построги. Еден пример за тоа е механизмот на EU's CBAM , кој влијае на извозот на стоки во ЕУ преку зголемените такси на увозни прозизводи што имаат висоски емиисии на јаглероден отпечаток.

COP28, одржан во Дубаи во декември 2023, потврди дека меѓународните обврски не се доволни.

Температурата не површината на Земјата е зголемена за 1,1°C, во споредба со прединдустрискиот период. За да се постигне целта на Парискиот Договор, односно да се ограничи зголемувањето на температурата на 1,5°C до крајот на векот, емисиите на стакленички гасови мора да се намалат за 60% до 2030 год(во споредба со 2019). Како последица на тоа, се очекува од државите да ги ажурираат Национални придонеси кон климатските промени (NDCs) со цели за 2030 и да презентираат нови цели за 2035. Оваа одлука COP28 нагласува дека овие нови NDC мора да бидат поамбициозни.

Посветеноста на Северна Македонија

Северна Македонија е држава со низок удел во емисиите на стакленички гасови (GHG), учествувајќи со само 0.02% од глобалните емисии во 2020 година.Земјата го ратификуваше Парискиот Договор во номври 2017 година и ја  зајакна својата посветеност на глобалните напори за намалување на емисиите со поднесување на подобрена Национално определена Продонес (NDC) во април 2021 година. Оваа подобрена стратегија се базира на иницијалниот план од 2015 година и поставува цел за намалување на CO2 емисиите од согорување на фосилни горива за 30%.

Првичната стратегија беше фокусирана на справување со климатските промени, особено на CO2 емисиите кои произлегуваат од согорувањето на фосилни горива, што претставуваат околу 80% од вкупните емисии во државата. Новата стратегија главно е насочена кон мерки за намалување на емисиите, додека адаптациските мерки ќе бидата вклучени подоцна, откако ќе се усвојат потребните национални планови и стратегии. Сепак, моменталната верзија на стратегијата не опфаќа аспекти на адаптација. За успешно преминување кон економија со ниски емисии и зголемување на конкурентноста, компаниите се повикуваат да играат клучна улога преку инвестирање во чисти и профитабилни технилогии.

Мерки за ублажување

Во подобрената NDC стратегија, Северна Македонија воведува 63 политики и мерки (PAMs) кои опфаќаат различни сектори: енергетика, земјоделство, управување со земјиште и отпад. Овие мерки имаат за цел да ги поддржат зголемените амбиции за намалување на емисиите, преку активности како подобрување на енергетската ефикасност, одржливо користење на земјиштето и подобро управување со отпадот.

Целта на намалувањето на емисиите ќе се постигне преку:

  • Енергетика (вклучувајќи енергетско снабдување, домаќинства, индустрија, транспорт) – 32 мерки
  • Земјоделство и користење на земјиште – 11 мерки
  • Отпад – 4 мерки
  • Дополнителни мерки – 16 мерки

NDC стратегијата исто така вклучува социјални аспекти, како што се отворање на зелени работни места, воведување на родово чувствителен пристап и поголема вклученост на младите. Приватниот сектор е истакнат како клучен партнер во остварувањето на овие мерки и развојот на регионот.

За успешна реализавија на мерките ќе биде потребна координација помеѓу различни чинители: јавен и приватен сектор, развојни партнери и невладини организации. Според нацрт-законот за климатски аксции, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе биде водечка институција за координација на активностите поврзани со NDC. Во план е форирање на Национален совет за климатски промени кој ќе го следи и оценува спроведувањето на стратегиите и плановите.

Во ноември 2021 година, МЖСПП ја објави „Патоказ за имплементација на NDC за 2020-2030 година“. Патоказот предвидува краткорочни (2020-2022), среднорочни (2022-2025) и долгорочни (2025-2030) активности, со конкретни мерки за намалување на емисиите и насоки за клучните чинители.

Адаптација

Иако подобрената NDC стратегија моментално не е фокусирана на адаптација, постојат планови за нејзина интеграција во идни надградби. Северна Македонија работи на Национален план за адаптација (NAP), кој ќе опфати сектори како вода, храна, енергетика, здравство, биодиверзитет, туризам, шумарство, управување со ризици од катастрофи и инфраструктура.
Овој план ќе комбинира стратегии за адаптација на различни сектори, ќе ги идентификува клучните инвестициони приоритети и ќе се базира на детална анализа на националните и секторските политики за развој.