Loading...

Обуки за компании



Достапни обуки

Стопанската Комора на Северна Македонија обезбедува различни видови на обуки и пракси за компаниите кои се заинтересирани во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и други теми. Обуките се одржуваат на мекдонски јазик.

Центарот за Климатски Промени организира обуки кои се насочени кон компаниите, особено малите и средните претпријатија, (МСП). Темите што ги покриваат обуките вклучуваат обновливи извори на енергија, енергетска транзиција, управување со ризици од катастрофи, достигнување на нето-нула емисии, загадување на воздухот и многу други.

Минати активности организирани од Центарот за климатски ромени се:

Центарот за ефикасност на Македонија – МАЦЕФ е непрофитна организација кој обезбедува технички и проектна подршка и услуги во енергетскитот и секторот за животна средина. МАЦЕФ нуди обуки за енергетска ефикасност за индустријата, организира конференции, работилници и обуки кои покриваат различни аспекти на енергетската ефикасност.

Македонската асоцијација за соларна енерегија , ”Солар Македонија“ е научна, образовна и невладина асоцијација чиј фокус е зајакнување на соработката помеѓу македонските компании во секторот за соларна енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци) и ги поврзува експертите и научниците од различни области за да ја промовира обновливата енергија. Организацијата работи на секое ниво во синџирот на добавувачи, од производството до сервис и одржување на соларните енергетски системи и промовирање на соларната енергија како одржливо решение на енергетските потреби.

Солар Македонија креираше курс “Програма за обука за инсталација на Фотоволтаични/Фототермални/термални соларни системи” - "Training programme for the installation of Photovoltaic/Photothermal/thermal solar systems". Курсот е резултат на соработката на Солар Македоника со UNDP и Future Skills Center од Тетово. Курсот е достапен на платформата skills4future.mk.

Декарбонизација 2.0 се однесува на воспоставување на нови технички и технолошки решенија кои имаат за цел намалување на јаглеродниот отпечаток на компаниите и нивните подружници. Сертифицирани енергетски менаџери според EUREM (European Energy Manager) се:

 (1) Квалификувани за подготовка на проектни концепти за декарбонизација 2.0

 (2) Eco-En Cert verifiers верификатори за зелено опшествено одговорни практики и ментори за подготовка на ESG/ESRS извештаи за одржливост.

Космо Иновативен Центар во соработка со EUREM Alumni MK при Комората на Мал Бизнис на Македонија  организира обуки, менторства и консултации за воспоставуавње на стандарди за одржливост и имплементација на технологии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во зелени инвестиции на компании и организации.

Nordves Consulting нуди услуги со сметководство, финансиско известување и советодавни услуги. Сервисот е достапен на англиски, македоснки и турски јазик. Покрај традиционалните сметководствени услуги, компанијата поддржува и води ESG проекти, активно придонесувајќи за одржлив развој и одговорно корпоративно управување. Со интеграцијата на ESG принципите во проектите тие им помагаат на клиентите да го подобрат својот еколошки и општествен ефект и да ги зајакнат своите долгорочни стратешки цели.